За Нас

ВИЗИЈА И МИСИЈА

Веќе 18 години работиме за да изградиме име на лојален и одговорен партнер во информатичката дејност во нашата држава.

Денес ние ги соединуваме утврдените позиции, изградената фирмена стуктура, професионалната квалификација и огромното искуство во работа со компјутери со неверојатно разновидно и богато портфолио на продукти и финансиската стабилност на ИДС Компјутери.

Нашата визија е да бидеме водечка компанија во информатичката дејност во кумановскиот регион и нашата држава.

Ние мислиме и дејствуваме како конкуренти.

Даваме се од себе и одиме напред секогаш жедни за успех.

Нашите корпоративни вредности: Квалитет, лидерство и партнерство ги реализираме со нашите бизнис принципи и пракси.

Нашата мисија е да создаваме вредности во информатичката технологија.

Создаваме и вредности за нашите вработени со осигурување на возбудлива и исполнета со предизвици работна средина.

Создаваме вредности за нашите потрошувачи со понуда на побрза и поквалитетна услуга од нашите конкуренти со воведување на европските стандарди во нашето работење.

Создаваме вредности за нашите партнери: со градење на една од најпродуктивните и најбрзо развивачки компании во информатичката дејност во нашиот регион.

ДЕЈНОСТ

Наша примарна дејност е продажба и сервис на компјутери и компјутерска опрема, опрема за видео надзор и алармни системи.

Исто така, вршиме монтажа на картичен систем ( контрола на влез и излез ).